Градоначалничката на Кисела Вода донираше прехранбени производи преку организацијата „Свети Спас“

Градоначалничката на Кисела Вода донираше прехранбени производи преку организацијата „Свети Спас“

По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против гладот, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, реализираше хуманитарна донација на прехранбени производи наменети за поддршка на семејствата на кои им е најпотребна помош.

Донацијата е предадена и дистрибуирана преку хуманитарната организација „Свети Спас“ од Драчево. Притоа, градоначалничката упати јавна благодарност до отец Оливер Петровски и до сите хумани луѓе кои несебично се вложуваат за да им помогнат на граѓаните на кои им е најтешко во секојдневниот живот.

Градоначалничката истакна дека Општина Кисела Вода останува цврсто посветена на грижата за сите свои сограѓани, нагласувајќи дека ваквите хуманитарни активности не треба да бидат реткост или поврзани само со одредени датуми од календарот.

„Хуманоста е наша заедничка одговорност. Таа се покажува со дела, со искрена грижа и со подадена рака тогаш кога е најпотребно. Како Општина Кисела Вода, остануваме посветени на грижата за нашите сограѓани. Верувам дека секоја помош значи многу, а заедно можеме да внесеме повеќе надеж и сигурност во домовите на семејствата на кои им е потребна поддршка. Хуманоста нема да ја покажуваме само на одредени денови, туку секојпат кога некој има потреба од нас“, порача Стаменкоска Трајкоска.