Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во однос на одлуката од 11.11.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,628%, кај дизелот за 1,766%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,022% и кај мазутот има исто така намалување за 2,563%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5545%.
Од 18.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 75,50 (денари/литар).
- Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 77,50 (денари/литар).
- Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V) - 72,50 (денари/литар).
- Масло за горење (Екстра лесно 1) - 69,50 (денари/литар).
- Мазут (М-1 НС) - 35,621 (денари/килограм).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 35,621 ден/кг.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.