Николоски од Виенскиот економски форум: Напролет почнува изградбата на брзата железница вредна околу две милијарди евра

Николоски од Виенскиот економски форум: Напролет почнува изградбата на брзата железница вредна околу две милијарди евра

Земјите од регионот мора да воспостават заеднички економски пристап за да бидат конкурентни на европскиот и глобалниот пазар, а Македонија реализира инфраструктурни инвестиции од пет до шест милијарди евра за да се позиционира како клучна регионална крстосница. Ова го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во своето обраќање на панел-дискусијата „Заедничка визија за долгорочна економска соработка“ во рамките на 23. Виенски економски форум.

Министерот оцени дека поединечните национални економии се премали за самостојно да се натпреваруваат на глобално ниво, поради што регионалната соработка е неопходност и покрај политичките и историските предизвици. Во тој контекст, тој ги презентираше капиталните проекти во патната и железничката инфраструктура, најавувајќи дека подготовките за брзата железница од границата со Грција до границата со Србија се во многу напредна фаза и дека почетокот на градежните работи се очекува напролет. Станува збор за најголемиот поединечен инфраструктурен проект во Југоисточна Европа, чија вредност изнесува приближно две милијарди евра.

Осврнувајќи се на Коридорот 8, Николоски посочи дека е постигнат договор со Бугарија за железничкото поврзување и дека двете страни веќе работат на терен, при што македонската страна инвестира околу 810 милиони евра. Во делот на патното поврзување на овој коридор, работите до границата со Бугарија се веќе завршени преку изграден автопат и експресен пат, додека паралелно со поддршка на Европската Унија се работи и на западната железничка врска кон Албанија.

Како што нагласи вицепремиерот, вкупните вложувања во овие стратешки коридори достигнуваат меѓу пет и шест милијарди евра, со што државата цели не само кон поттикнување на економскиот раст и деловната клима, туку и кон зајакнување на регионалната безбедност.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.