Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски - Питу“ ќе биде отворен во јануари

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски - Питу“ ќе биде отворен во јануари

Привршуваат градежните активности за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ во центарот на Скопје, а објектот ќе ги отвори вратите за студентите во јануари 2027 година, пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година. Увид во завршните работи на инвестицијата вредна 10 милиони евра, изврши министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

По отворањето на реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ пред два месеци со сместувачки капацитет за 1.150 студенти, капацитетите дополнително се прошируваат со обновениот дом „Кузман Јосифовски - Питу“, во кој ќе можат да престојуваат 280 студенти во модерни и енергетски ефикасни услови.

Министерката Јаневска посочи дека ова е вториот модерен студентски дом што се обновува со поддршка на Европската Унија и Германската развојна банка (KfW), во рамките на поширокиот процес за темелна реконструкција на девет државни студентски домови и шест државни училишта со ресурсни центри. За реализација на целиот пакет инвестиции се обезбедени вкупно 86 милиони евра, од кои 60 милиони евра се средства од KfW, 22 милиони евра се неповратни грантови од Европската Унија, додека четири милиони евра се издвоени од државниот буџет.

Во своето обраќање, таа нагласи дека буџетот наменет за студентскиот стандард е двојно зголемен во споредба меѓу 2022 и 2026 година, истакнувајќи дека подобрувањето на условите за студирање и задржувањето на младите во државата остануваат приоритет на образовните политики.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.