Бројот на посетители во театрите е зголемен за 20,5%, прикажани се вкупно 1.391 претстава

Бројот на посетители во театрите е зголемен за 20,5%, прикажани се вкупно 1.391 претстава

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика за периодот 2024/2025 година, професионалните театри во земјава бележат пораст на прикажување претстави и привлекување на публика.

Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 20,9% во споредба со претходната сезона, додека бројот на посетителите бележи пораст од 20,5%. Во 18 професионални театри биле изведени 871 дело со вкупно 1.105 претстави, кои ги виделе 198.756 посетители.

Бројот на прикажани претстави во театрите за деца и млади во периодот 2024/2025 година е намален за 24,9%, а има намалување и на бројот на посетители за 30,9% во однос на сезоната 2023/2024. Во овие театри биле прикажани 163 претстави со вкупно 16.534 посетители.

Кај аматерските театри е забележана позитивна динамика со зголемување и на бројот на претстави и на бројот на посетители. Во овие театри биле изведени 123 претстави пред публика од 16.846 граѓани.

Кога ќе се сумираат сите театарски дејности (професионални, аматерски и за деца), вкупната бројка изнесува 1.391 претстава и 232.136 посетители.

Во делот на музичко-сценската дејност, Националната филхармонија бележи пад на бројот на посетители во споредба со периодот 2023/2024 година, реализирајќи 38 концерти со 25.100 посетители.

Професионалниот ансамбл за народни игри и песни бележи раст. Кај нив е евидентирано зголемување на бројот на самостојни приредби и концерти, кои во тековниот период достигнале бројка од 28 настапи со вкупно 19.920 посетители.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.