Трамп нареди поморска блокада на нафтените танкери кои се поврзани со Венецуела

Трамп нареди поморска блокада на нафтените танкери кои се поврзани со Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп најави ескалација на притисокот врз Каракас, наредувајќи целосна блокада на сите санкционирани нафтени танкери кои влегуваат или излегуваат од Венецуела.

Трамп соопшти дека Венецуела е веќе опколена од најголемата поморска армада во историјата на Јужна Америка, која според него само ќе продолжи да расте.

Според Трамп, „нелегитимниот режим“ во Венецуела ги користи парите од украдените нафтени полиња за финансирање на криминални активности.

Блокадата според најавите, ќе остане во сила се додека Венецуела не ги врати сите имоти, земјиште и нафтени ресурси за кои Трамп тврди дека биле украдени од Соединетите Американски Држави.

Покрај поморската блокада, Трамп го актуелизираше и прашањето со миграцијата, посочувајќи дека криминалците и илегалните имигранти кои биле испратени во САД за време на претходната администрација, сега се враќаат во Венецуела со забрзано темпо.

Овој потег веќе предизвика реакции на светските берзи, каде цената на нафтата забележа раст од преку 2%.

Следете ги најновите вести на Viber
Трамп нареди поморска блокада на нафтените танкери кои се поврзани со Венецуела