Нови цени од полноќ: Поскапуваат бензините и дизелот, еве по кои цени ќе точиме од утре

Нови цени од полноќ: Поскапуваат бензините и дизелот, еве по кои цени ќе точиме од утре

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто. Новиот ценовник стапува на сила од полноќ и ќе важи од 19 мај 2026 година, како одговор на промените и растот на берзанските цени на светските пазари каде бензините поскапеа во просек за речиси пет отсто, а мазутот забележа скок од дури 14,4 отсто.

Од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за два денари и ќе се продава по цена од 87 денари. Поголемо зголемување од 2,5 денари по литар има кај бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена ќе изнесува 89 денари, како и кај дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ коешто исто така поскапува за 2,5 денари и ќе достигне цена од 92 денари за литар.

Единствено поевтинување има кај Екстра лесното масло за домаќинство, чија малопродажна цена се намалува за половина денар и од полноќ ќе изнесува 1,93,5 денари за литар. Од друга страна, цената на мазутот се зголемува за 0,846 денари по килограм и новата максимална вредност ќе биде 50,814 денари за килограм.

Во оваа пресметка на РКЕ се вкалкулирани и државните олеснувања, односно намалениот износ на акцизите за два денари по литар кај дизелот и двата типа бензини, како и намалената стапка на ДДВ од 10 отсто за бензините. Од комисијата напоменуваат дека ова се максималните утврдени вредности на горивата, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги формираат своите цени на бензинските пумпи и пониско од овие износи.

Асоцијација (03 јуни 2026)