Цените на горивата во Македонија се намалуваат

Цените на горивата во Македонија се намалуваат
Сподели:

Од полноќ, 19 август, цените на горивата во Македонија ќе се намалат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Според новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,43%.

Новите максимални цени што ќе важат од 00:01 часот на 19 август:

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,00 денари за литар (намалување од 0,50 денари).

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,00 денари за литар (намалување од 0,50 денари).

- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 67,50 денари за литар (намалување од 1,00 денар).

- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,00 денари за литар (намалување од 1,00 денар).

- Мазут М-1 НС: 38,643 денари за килограм (намалување од 1,143 денари).

Од РКЕ истакнуваат дека трговците можат да ги формираат цените на горивата и пониско од овие максимално утврдени цени.