Раде Кончар-ТЕП најави понуда за преземање на Раде Кончар–Апаратна техника

Раде Кончар-ТЕП најави понуда за преземање на Раде Кончар–Апаратна техника

Македонската берза објави информација за намера за преземање на компанијата Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје. Подносител на намерата е Раде Кончар-ТЕП ДООЕЛ, претставуван од управителот Горан Антевски.

„Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје дека имаме намера да објавиме Понуда за преземање на целното друштво Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје по цена од 2.435 денари по акција.“ - пишува во објавата.

Раде Кончар-ТЕП е компанија која нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електричната енергија, како и специјализирани решенија за индивидуалните барања на клиентите.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.