Витаминка АД Прилеп во првата половина од 2025 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех за анализираниот период.
Остварените консолидирани вкупни приходи во првото полугодие од 2025 година изнесуваат 1,953,727 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2024 година бележат раст од 9%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2024 година се повисоки за 9%. Растотот на приходите е поради зголемената продажба на одредени групи на производи.
Остварените консолидирани вкупни расходи во првото полугодие од 2025 година изнесуваат 1.860.393 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2024 година бележат зголемување од 13%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето за 2025 година.
Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 48,486 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 8%.