Јапонска бизнис делегација доаѓа во Скопје во ноември: Димовски и Мураками договорија соработка

Јапонска бизнис делегација доаѓа во Скопје во ноември: Димовски и Мураками договорија соработка
Сподели:

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Гоце Димовски, оствари работна средба со Тадаши Мураками, генерален директор на виенската канцеларија на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO). Главна тема на разговор беше продлабочувањето на економската соработка и подготовките за претстојната мисија на јапонската бизнис делегација, која е закажана за ноември во Скопје.

На средбата детално се разгледани можностите за презентација на македонскиот инвестициски потенцијал пред јапонските компании кои бараат можности за проширување на своето деловно присуство во регионот.

Директорот Димовски ги презентираше сите поволности и пакети поддршка што ги нуди ДТИРЗ за странските инвеститори. Тој нагласи дека институцијата активно работи на модернизација на инфраструктурата во зоните и создавање конкурентна бизнис клима која ги исполнува високите стандарди на глобалните компании. Дирекцијата е подготвена за обезбедување целосна оперативна поддршка за сите нови јапонски инвестициски проекти во земјава.

Генералниот директор на виенската канцеларија на JETRO, Тадаши Мураками, ја истакна важноста од воспоставување директни контакти меѓу јапонските бизниси и македонските институции. Тој потврди дека JETRO ќе продолжи активно да посредува во размената на информации за инвестициските можности и да создава нови можности за економска соработка меѓу двете земји.