Швајцарската фармацевтска компанија Roche денеска објави дека постигнала договор за аквизиција на американската биофармацевтска компанија 89bio, за вкупна вредност од околу 3,5 милијарди американски долари.
89bio е биофармацевтска компанија која развива терапии за заболувања на црниот дроб и кардиометаболички болести.Во фокусот на зделката е пегозафермин – лек на 89bio, кој моментално е во трета фаза клинички испитувања за третман на умерена до тешка форма на MASH (metabolic dysfunction–associated steatotic), хронична болест на црниот дроб која сè почесто се јавува кај лица со дебелина и дијабет тип 2.
Сите вработени во 89bio ќе се приклучат кон фармацевтската дивизија на Roche по затворањето на трансакцијата, која се очекува во четвртиот квартал од 2025 година, по одобрување од регулаторните тела.