Мицкоски: Инфраструктурата, енергетиката и вештачката интелигенција се трите столба за развој на Македонија

Мицкоски: Инфраструктурата, енергетиката и вештачката интелигенција се трите столба за развој на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за Атлантски совет ги презентираше основните правци на националната развојна стратегија. Премиерот посочи дека иднината и забрзаниот економски и технолошки напредок на земјата ќе се темелат врз три главни столба: класичната инфраструктура, енергетската инфраструктура и развојот на вештачката интелигенција и високата технологија.

Во фокусот на стратешката визија е позиционирањето на земјата како клучен енергетски транзитен јазол во Југоисточна и Централна Европа. Оваа цел треба да се реализира преку изградба на нови гасни интерконектори со Грција и со северниот сосед, со што националниот систем директно ќе се поврзе со терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александрополи.

Со завршувањето на овие капитални енергетски проекти, државата обезбедува транзитна улога и стабилен извор за снабдување со енергенси. Според премиерот Мицкоски, оваа енергетска стабилност претставува директен предуслов за производство на електрична енергија и иден развој на енергетски интензивни технолошки капацитети, како што се современите дата-центри и проектите засновани на вештачка интелигенција.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.