Министерството за земјоделство додели над 1,2 милиони денари за поддршка на девет локални манифестации и саеми

Министерството за земјоделство додели над 1,2 милиони денари за поддршка на девет локални манифестации и саеми

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, потпиша девет договори за финансиска поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на доделените средства изнесува 1.283.889 денари, а мерката има за цел да ги поддржи здруженијата и општините во промоцијата на домашните производи.

Финансираните настани се насочени кон директно поврзување на производителите со потрошувачите, зголемување на препознатливоста на локалните земјоделски производи и афирмација на традиционалната гастрономија и руралниот туризам.

Финансиска поддршка за организација на манифестациите добија следните здруженија и општини:

- „Денови на медот во Македонска Каменица“ во организација на здружението „Еко кам мед“ од Македонска Каменица.

- „Есенско пазарче“ поддржано преку здружението „Ума Сто“ од селото Умин Дол.

- „Вкусови на ферментацијата - органско производство на храна“ во организација на „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид.

- „Ајверијада во Општина Босилово 2026“ во организација на Општина Босилово.

- „Ден на празот“ традиционална манифестација поддржана преку Општина Василево.

- „Костенијада“ во организација на Општина Ново Село.

- „Традиција на Скопска Црна Гора“ поддржана преку Општина Чучер-Сандево.

- „Преспански јаболкобер“ во организација на Општина Ресен.

- „Денови на кочанскиот ориз“ поддржана преку Општина Кочани.

Избраните манифестации ќе се одвиваат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нивното одржување, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има за цел да ја поттикне локалната економска активност, да им овозможи на земјоделците директен пласман на своите производи на локалните плоштади и да придонесе за одржлив развој на руралните средини низ целата држава.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.