Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп вчеравечер, во 19:20 часот, приведоа три лица под сомнение дека извршиле серија тешки кражби на подрачјето на градот.
Лишени од слобода се А.А. (29) и двајца малолетници, сите од Прилеп. Тие се сомничат дека сториле тешки кражби во две колонијални продавници и една златарница.
Од МВР информираат дека украдените предмети се пронајдени и веќе се вратени на нивните сопственици.
По целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 236 од Кривичниот законик, кој се однесува на кривичното дело „тешка кражба“.