Стокомак продолжува да се шири во Србија - отворен нов маркет во Бујановац

Стокомак продолжува да се шири во Србија - отворен нов маркет во Бујановац

Македонскиот трговски ланец Стокомак денеска свечено го отвори својот петти маркет во Србија, лоциран на улицата „Караѓорѓе Петровиќ ББ“ во Бујановац. Отворањето беше проследено со големо интересирање од локалното население, кое го посети маркетот во голем број уште од првиот ден.

По повод отворањето, Стокомак најави специјална понуда и супер цени за целиот асортиман, која ќе трае од 18 до 20 октомври. Граѓаните од Бујановац и околината имаат можност да го искористат попустот и да се уверат во широкиот избор на производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук.

Седиштето на компанијата за Србија се наоѓа во Ниш. Досега се отворени маркети во четири града: Пирот, Ниш, Лесковац и Панчево.

Концептот на Стокомак се заснова на продажба на основни прехранбени и непрехранбени производи по ниски цени и со свои сопствени брендови.

Следете ги најновите вести на Viber
Стокомак продолжува да се шири во Србија - отворен нов маркет во Бујановац