Општина Бутел затвори нелегално градилиште во Визбегово, следува отстранување

Општина Бутел затвори нелегално градилиште во Визбегово, следува отстранување

Општина Бутел денеска започна постапка за отстранување на нелегална градба во Визбегово. Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека градилиштето е веќе затворено од страна на градежен инспектор, а во наредниот период ќе следи негово отстранување.

„Денеска започнавме постапка за отстранување на дива градба во Визбегово, моментално од страна на градежната инспекција објектот е затворен. Покрај постапката за отсранување на овој објект ќе следи и соодветна пријава за дивоградба и узурпација на државно земјиште.“ објави градоначалникот Костовски.

Костовски беше дециден во пораката дека никој не смее да биде над законите. Овој потег е дел од заложбите на општинската администрација за справување со нелегалните градби на територијата на општина Бутел.

Следете ги најновите вести на Viber
Општина Бутел затвори нелегално градилиште во Визбегово, следува отстранување