Орбан ја критикува ЕУ за барањето повеќе средства за Украина, прави споредба со давање вотка на алкохоличар

Орбан ја критикува ЕУ за барањето повеќе средства за Украина, прави споредба со давање вотка на алкохоличар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати критика кон Европската комисија и нејзината претседателка, Урсула фон дер Лајен, поради барањето до земјите членки да издвојат повеќе финансиски средства за Украина.

Орбан потврди дека добил писмо од Фон дер Лајен, во кое таа наведува дека финансискиот јаз на Украина е значителен и бара од земјите членки да испратат повеќе пари.

„Во време кога стана јасно дека воена мафија ги испумпува парите на европските даночни обврзници, наместо да бара вистински надзор или да ги суспендира плаќањата, претседателката на Комисијата предлага да испратиме уште повеќе.“ - напиша Орбан.

Тој ја спореди ситуацијата со обид да се помогне на алкохоличар со давање на вотка, нагласувајќи дека Унгарија го нема изгубено здравиот разум.

Орбан го обвини Брисел дека турка воена економија, додека тој ќе остане фокусиран на националните интереси, а не на финансирање туѓ конфликт.

Следете ги најновите вести на Viber
Орбан ја критикува ЕУ за барањето повеќе средства за Украина, прави споредба со давање вотка на алкохоличар