Безбедно отстранета неексплодирана артилериска граната која е пронајдена во Прилеп

Безбедно отстранета неексплодирана артилериска граната која е пронајдена во Прилеп

Тим пиротехничари на Дирекцијата за заштита и спасување во Прилеп безбедно отстрани неексплодирана 75-милиметарска артилериска граната од минатите војни, која претходно била истрелана од топ. Како што информираат од Дирекцијата, убојното средство било пронајдено при изведување градежни работи за сообраќајна и канализациска инфраструктура од страна на фирмата „Аква Нет“, во непосредна близина на станицата за технички преглед „Супер контрола Прилеп“ и пералната „Акса“, од каде што веднаш било пријавено пронаоѓањето.

По извршената интервенција на терен, гранатата е безбедно транспортирана и сместена во магацин на ДЗС. Во наредниот период таа ќе биде плански уништена заедно со други пронајдени неексплодирани убојни средства, согласно утврдените безбедносни процедури и протоколи.

Од Дирекцијата за заштита и спасување упатуваат апел до граѓаните и изведувачите на градежни работи да бидат особено внимателни. При евентуално пронаоѓање сомнителни предмети што личат на неексплодирани експлозивни средства, истите во никој случај да не се допираат или поместуваат, туку веднаш да се пријават на единствениот телефонски број за итни повици 112.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.