Димитриеска-Кочоска: Законот не препознава етничка припадност, клучно е дали данокот е платен или не

Димитриеска-Кочоска: Законот не препознава етничка припадност, клучно е дали данокот е платен или не

Сите граѓани се еднакви пред законот, особено кога станува збор за исполнување на даночните обврски, а законската регулатива не препознава етничка припадност. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието, при што порача дека оваа тема не треба да се користи за создавање етнички тензии бидејќи даночните стапки важат подеднакво за сите.

Министерката посочи дека Управата за јавни приходи во изминатиот период повеќепати ја информирала јавноста за овие постапки и дека институцијата постапува исклучиво согласно законските надлежности. Според неа, единственото суштинско прашање во овие случаи е дали данокот е платен или не.

Појаснувајќи го временскиот опфат на контролите, Димитриеска-Кочоска нагласи дека во даночната регулатива не станува збор за ретроактивна примена на законите, туку за законска можност и обврска даночните обврски да се утврдат и наплатат за период од пет години наназад.

Таа додаде дека доколку во минатото не биле преземани соодветни контроли од страна на регионалните дирекции при констатирани приливи на сметките на граѓаните кои не ги пријавиле своите обврски, УЈП има законска обврска во рамките на предвидениот рок од пет години да ги утврди тие приходи и да побара наплата на данокот.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.