Јаневска: Затворени се околу 30 подрачни училишта поради мал број ученици, но ниту еден наставник не останал без работа

Јаневска: Затворени се околу 30 подрачни училишта поради мал број ученици, но ниту еден наставник не останал без работа

Оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето едносменска настава претставуваат мерки за унапредување на квалитетот на образованието засновани на позитивни искуства од развиените земји, при што процесот се спроведува со поддршка од УНИЦЕФ, а позитивните ефекти се потврдени и во Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија за 2026 година. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

Таа појасни дека врз основа на детална анализа за вишокот на објекти, паралелки и наставен кадар е изработен план за оптимизација, во чии рамки досега се затворени околу 30 подрачни училишта поради немање првачиња или мал број ученици. Според министерката, префрлањето на учениците од помали групи во поголеми училишни средини им овозможува подобри услови за социјализација и натпреварување, наведувајќи го како позитивен пример префрлањето на учениците од Долни Балван во училиштето во Таринци во општина Карбинци.

Јаневска информираше дека од вкупно 1.023 објекти на основни и средни училишта во државата, во 620 веќе е воведена едносменска настава, нагласувајќи дека при спроведувањето на оптимизацијата ниту еден наставник не го изгубил своето работно место.

Оценувајќи дека во минатото образовниот сектор се користел за купување социјален мир, министерката посочи дека нови вработувања ќе се реализираат исклучиво онаму каде што постои реална потреба, како што е случајот во Скопје, додека во одредени градови и населени места таква потреба нема. На крајот, таа упати апел до пратениците да се фокусираат на подигнување на квалитетот на образованието и ги повика на дебата за новите предлог-закони за високото образование и за науката, кои сè уште се во собраниска процедура.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.