Нов дефект на главната водоводна линија во Штип: Општината обезбедува цистерни и флаширана вода за шест населби

Нов дефект на главната водоводна линија во Штип: Општината обезбедува цистерни и флаширана вода за шест населби

Настанат е нов дефект на главната водоводна линија во Штип, стара повеќе од 50 години, веднаш по повторното воспоставување на водоснабдувањето по 40-часовните санациски активности на ЈП „Исар“. Како што информираат од Општина Штип, новиот дефект е последица на зголемениот притисок и дотраеноста на водоводната мрежа, поради што без вода останаа населбите Три Чешми, Пребег, Ново Село, Исар, како и делови од населбите Сењак и 8 Ноември.

Локалната самоуправа ги стави на располагање сите човечки, технички и логистички капацитети за надминување на состојбата, вклучувајќи ги јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица, Црвениот крст и расположливата механизација.

За домаќинствата во погодените делови од градот е организирано алтернативно снабдување со техничка вода преку цистерни поставени на соодветни локации во населбите, за чии точни позиции граѓаните навремено ќе бидат известени преку официјалните општински канали и медиумите. Паралелно, во координација и со поддршка на Црвениот крст, волонтери ќе вршат дистрибуција на флаширана вода за пиење директно до домаќинствата.

Екипите на ЈП „Исар“ со дополнителна теренска поддршка интензивно работат на отстранување на оштетувањето. Од Општина Штип наведуваат дека се очекува санацијата да заврши во текот на ноќта, по што ќе следува постепено стабилизирање и нормализирање на водоснабдувањето, упатувајќи извинување и апел за трпение до засегнатите граѓани.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.