Нова емисија Граѓански обврзници во износ од 100 милиони денари со каматна стапка од 4,6 проценти, рокот за запишување е до први декември

Нова емисија Граѓански обврзници во износ од 100 милиони денари со каматна стапка од 4,6 проценти, рокот за запишување е до први декември

Министерството за финансии денеска објави Проспект за издавање четврта емисија Граѓански обврзници во вкупен износ од 100 милиони денари (околу 1,63 милиони евра), со рок на доспевање од две години и годишна каматна стапка од 4,6 проценти. Запишувањето на обврзниците ќе се одвива во филијалите на деловните банки низ државата најдоцна до 1 декември, додека аукцијата е закажана за 3 декември.

Минималниот износ за вложување од страна на граѓаните изнесува 10.000 денари, што претставува вредност на една граѓанска обврзница. Согласно условите од проспектот, датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година, при што каматата за првата година ќе биде исплатена на 11 декември 2028 година, а за втората година на 11 декември 2029 година.

Од Министерството за финансии потсетуваат дека досега се издадени вкупно три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше реализирана на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра, втората на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра, додека третата емисија беше издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра.

Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата веќе се исплатени во целост кон вложувачите.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.