Работниците од „ФАКОМ“ и „Бетон“ со ССМ протестираа пред Граѓанскиот суд: Бараат итно забрзување на стечајните постапки и исплата на заостанатите плати

Работниците од „ФАКОМ“ и „Бетон“ со ССМ протестираа пред Граѓанскиот суд: Бараат итно забрзување на стечајните постапки и исплата на заостанатите плати

Сојузот на синдикатите на Македонија и гранковите синдикати СИЕР и СГИП, заедно со работниците од „ФАКОМ“ и „Бетон“, денеска одржаа протест пред Основниот граѓански суд Скопје, барајќи од судот, стечајните судии и стечајните управници итно да ги забрзаат стечајните постапки. Целта на барањето е конечно разрешување на работниот статус на вработените и намирување на нивните заостанати плати, придонеси и други примања.

Од синдикатите алармираат дека протестот е резултат на огромното незадоволство од бавноста на судското одлучување, со што работниците се оставени без егзистенција. Додека вработените во „ФАКОМ“ веќе десет месеци чекаат да се отвори стечајната постапка, стечајот на „Бетон“ се води повеќе од четири години без никакви информации за поранешните вработени кога ќе можат да ги наплатат своите побарувања.

Претседателот на Синдикатот СИЕР, Игор Ѓерасов, изјави дека веќе десет месеци се прават обиди за изнаоѓање решение и дека денешниот претставува четврт обид за отворање стечајна постапка во „ФАКОМ“, од која зависат егзистенцијата и примањата на околу 500 работници. Тој појасни дека дел од вработените по три последователно неисплатени плати престанале да одат на работа, но поради нерасчистениот работен статус не можат да ги остварат ниту правата од работен однос, ниту правата што следуваат по неговиот престанок.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски, заедно со поранешните работници на „Бетон“, потсети дека стечајната постапка во оваа компанија била отворена поради осум неисплатени плати и неисплатен регрес, но и по повеќе од четири години нема никаква исплата кон работниците. Од ССМ упатија апел до стечајните судии, стечајните управници и надлежните институции веднаш да постапат и да ги придвижат судските постапки за да заврши долгогодишната неизвесност за работниците и нивните семејства.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.