Надворешната канцеларија за кривични работи Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Осомничениот, кој бил вработен како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, ги искористил своите овластувања за неовластено пристапување до сметки на клиенти.
Според информациите од полицијата, кривичното дело било вршено во периодот од 7 ноември 2025 година до 3 март 2026 година. Пријавениот во вкупно 13 наврати пристапувал до денарската платежна сметка на двајца корисници без да има соодветен налог за таквите трансакции.
Со овие противправни дејствија, банкарскиот службеник присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во работата, со што директно ѝ причинил голема материјална штета на банката.

