На 18.09.2025 година, во 22:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор, при изведување на контрола на магистралниот пат Струга-ГП Ќафасан, кај село Франгово, го лишија од слобода Џ.Б. (40) од Скопје. Скопјанецот се сомничи дека со своето возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки извршувал криумчарење на мигранти.
Во близина на возилото, полицијата забележала четири женски лица кои се обиделе да избегаат, но веднаш биле фатени. При контрола било утврдено дека станува збор за државјанки на Непал, три на возраст од 22 години и една на 34 години.
Мигрантите, како и возачот, се предадени во Основното јавно обвинителство Струга за понатамошна постапка. По целосното документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.