Макпрогрес ги врати на работа сите вработени после пожарот кој целосно изгоре неколку погони

Макпрогрес ги врати на работа сите вработени после пожарот кој целосно изгоре неколку погони

По пожарот кој целосно изгоре неколу погони на фабриката, компанијата Макпрогрес објави дека целиот тим е успешно вратен и целосно прилагоден на новата ситуација во фабриките Винчини, Сончева Долина, Фантазија, Натура, Дониа и Винчини Чоколадна Фабрика.

„Навистина сме горди што ги преземаа сите предизвици како вистински шампиони,“ изјавија од Макпрогрес, додавајќи дека поддршката која ја добија од вработените и заедницата била од огромно значење.

Компанијата истакна дека цела Македонија застанала зад Винчини, домашнен бренд кој е гордост не само на Виница, туку и на целата држава. Овој момент, според нив, ја дефинира иднината на брендовите на Макпрогрес и ќе биде поттик за понатамошен раст и развој.

„Ова е феномен! Да се види како цела Македонија застана зад еден домашен бренд и мал град како Виница. Тоа од сега натака ќе го дефинира нашиот бренд и нашата приказна“, се наведува во објавата.

Следете ги најновите вести на Viber
Макпрогрес ги врати на работа сите вработени после пожарот кој целосно изгоре неколку погони