Според најновите податоци од Државниот завод за статистика на Хрватска, просечната нето плата во Хрватска за јули 2025 година изнесувала 1.437 евра, што претставува номинален пад од 0,5% во однос на јуни 2025 година, а реално е намалена за 0,9%. Истовремено, просечната бруто плата за истиот месец изнесувала 2.000 евра, со пад од 0,4% номинално и 0,8% реално во однос на претходниот месец.
Меѓутоа, во однос на јули 2024 година, просечната нето плата номинално пораснала за 9,3%, а реално за 5,0%. Просечната бруто плата за јули 2025 година, исто така, пораснала за 9,8% номинално, односно 5,5% реално во однос на истиот месец минатата година.
Највисоки просечни нето плати за јули 2025 година се исплатени во секторот Авиосообраќај, каде што просечната нето плата изнесувала 2.353 евра. Од друга страна, најниска просечна нето плата е во секторот Производство на облека, која изнесувала 937 евра. Највисока бруто плата, е исплатена во истиот сектор (Авиосообраќај), со износ од 3.436 евра, додека најниската бруто плата е во секторот Производство на облека, која изнесувала 1.232 евра.