Двајца припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи остварија висок пласман на престижниот меѓународен натпревар „Штит Домовине“, кој од 14 до 19 септември 2026 година се одржа во Дубровник, Република Хрватска.
По успешно завршените дводневни квалификации, македонските специјалци го обезбедија своето место во главната трка. Трасата беше во должина од 28 километри со вкупна висинска разлика од 927 метри, при што учесниците совладуваа низа комплексни препреки кои бараат максимална психофизичка кондиција и високи тактички вештини.
Во категоријата на странски натпреварувачи, припадниците на САЕ „Тигар“ го освоија четвртото и петтото место во конкуренција на претставници од специјалните сили на Австрија, Словенија, Унгарија и домаќинот Хрватска. Во вкупниот генерален пласман, во кој се натпреваруваа 86 учесници, македонските претставници се позиционираа на 23-то и 24-то место.

