Откриена група на крадци и помагачи - Вработен во обезбедување помагал во кражба на опрема од рудникот „Бучим“

Откриена група на крадци и помагачи - Вработен во обезбедување помагал во кражба на опрема од рудникот „Бучим“

Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица откри и разби група од четири лица, вклучувајќи и вработен во обезбедување, кои се сомничат за кражба на предмети од рудникот „Бучим“ во Радовиш и нивна понатамошна продажба на нелегален отпад.

Акцијата започнала на 18.11.2025 година во 09:00 часот, на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци. Полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица, откако при преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, пронашле делови од генератор.

Истиот ден, во 12:30 часот во близина на село Воиславци, радовишко, лишен од слобода е и Е.У.(45) од Струмица, кој управувал друго товарно возило „форд“, во кое биле пронајдени генератор, алат и други украдени предмети.

Во службени разговори во полициската станица, приведените лица признале дека предметите ги украле од рудникот „Бучим“ и дека и претходно вршеле вакви кражби, а одземените предмети ги продавале на лицето А.Ш.(43) од Струмица.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на А.Ш., при што во негова близина е пронајдена голема количина складиран отпад и стари возила. Инспектор за животна средина утврдил дека А.Ш. и Е.Д. неовластено тргуваат со овој отпад, со што извршиле кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Во врска со настанот, од слобода е лишен и В.А.(32) од Радовиш, вработен во агенција за обезбедување на рудникот. Тој се сомничи дека за одреден паричен надомест им дозволувал на крадците преку спореден влез да влегуваат во кругот на рудникот и да ги одземаат предметите.

Лицата се задржани во полициските станици во Струмица и Радовиш, а за случајот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против сите лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.