Трамп ја одобри продажбата на борбени авиони Ф-35 на Саудиска Арабија

Трамп ја одобри продажбата на борбени авиони Ф-35 на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман вчера одржаа билатерална средба во Белата куќа, што е прва посета на принцот на Вашингтон по 2018 година.

Главни теми во разговорите се однесуваа на одбраната и безбедноста. Претседателот Трамп ја потврди одлуката на неговата администрација за продажба на напредни борбени авиони Ф-35 на Саудиска Арабија.

За време на вечерата, на која присуствуваа високи претставници и бизнис лидери како Илон Маск и Тим Кук, Трамп формално ја прогласи Саудиска Арабија за главен сојузник надвор од НАТО.

Мохамед бин Салман најави дека Саудиска Арабија планира драстично да ги зголеми своите инвестиции во САД. Имено, претходно најавените инвестиции од 600 милијарди долари се очекува да пораснат на речиси 1 трилион долари, со фокус на стратешки сектори како вештачката интелигенција и енергетиката.

Тема на разговорите беше и можноста за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел. Претседателот Трамп изрази оптимизам, додавајќи дека добил позитивен одговор од саудиската страна.

Следете ги најновите вести на Viber