Запленети 84.000 евра на Табановце: Српски државјанин фатен во обид за нелегален износ на девизи

Запленети 84.000 евра на Табановце: Српски државјанин фатен во обид за нелегален износ на девизи

Царинската управа соопшти дека вчера на граничниот премин Табановце, царинските инспектори од мобилните тимови на Секторот за контрола и истраги спречиле обид за нелегално изнесување на голема сума девизи од државата и привремено заплениле 84.000 евра.

Во текот на деталната контрола, извршена врз возило управувано од српски државјанин, царинските службеници пронашле вкупно 94.000 евра за кои патникот не поседувал соодветен документ за потекло и не ги пријавил, иако при претходната изјава навел дека со себе носи помалку од 1.000 евра.

Поради сомневање во изјавата на патникот, царинските инспектори пристапиле кон детален претрес на возилото. Притоа, на совозачкото седиште, под машка јакна во црна рачна торбичка, биле пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото, во црна кожна ташна, биле пронајдени дополнителни 50.000 евра. Вкупната непријавена сума изнесувала 94.000 евра.

Согласно Законот за девизно работење, на нерезидентот му е вратена дозволената сума од 10.000 евра која може да се изнесе од државата без пријавување. Останатиот износ од 84.000 евра е привремено одземен.

Против српскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава за сторен девизен прекршок. Царинската управа апелира до граѓаните да ги почитуваат законските одредби за прекуграничен промет на парични средства и задолжително да ги пријават износите кои ја надминуваат законски дозволената граница.

Следете ги најновите вести на Viber
Запленети 84.000 евра на Табановце: Српски државјанин фатен во обид за нелегален износ на девизи