Дваесет јапонски компании во посета на ТИРЗ Скопје

Дваесет јапонски компании во посета на ТИРЗ Скопје

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Гоце Димовски, денеска ги претстави инвестициските можности на државата пред делегација од повеќе од 20 јапонски компании кои го посетија ТИРЗ Скопје. Посетата се реализираше во рамки на регионалната бизнис-мисија на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO).

За време на презентацијата се опфатени условите за инвестирање, инфраструктурните капацитети на зоните, достапните мерки за финансиска и институционална поддршка, како и улогата на Дирекцијата во процесот на подготовка и реализација на проектите. Посебен акцент е ставен на можностите за развој на нови производствени капацитети во технолошко-индустриските развојни зони и конкурентските предности што ја позиционираат земјата на глобалната мапа на странски директни инвестиции.

Делегацијата обедини претставници од повеќе индустриски гранки, меѓу кои производството, енергетиката, електрониката, информатичките технологии, финансиите и логистиката. Јапонските стопанственици изразија интерес за подетално запознавање со деловното опкружување, процедурите за започнување активности и можностите за директно поврзување со домашното стопанство.

Во рамки на програмата е организирана и обиколка низ ТИРЗ Скопје, при што гостите имаа можност непосредно да се запознаат со постојната инфраструктура, организацијата на зоната и условите во кои функционираат веќе присутните инвеститори, со цел воспоставување долгорочна економска соработка и привлекување нови вложувања.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.