Кредити за компаниите со камата од 1,95 проценти и грејс-период до три години: Префрлени нови 45,2 милиони денари кон Развојната банка

Кредити за компаниите со камата од 1,95 проценти и грејс-период до три години: Префрлени нови 45,2 милиони денари кон Развојната банка

Нови 45,2 милиони денари (околу 735 илјади евра) се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициите што ги реализираат домашните компании. Со оваа нова транша, вкупната финансиска поддршка што Владата досега ја пласираше во приватниот сектор преку оваа мерка достигна 242 милиони евра, од вкупно предвидените 250 милиони евра во Буџетот за оваа намена.

Од Министерството за финансии посочуваат дека овие средства имаат значајно влијание врз реализацијата на приватните инвестиции и заживувањето на економската активност. Реализацијата на мерката започна во март минатата година, кога беше исплатена првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашните претпријатија.

Средствата за оваа финансиска линија Владата ги обезбеди од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување нов инвестициски циклус во приватниот сектор и забрзување на економскиот раст.

Финансиските средства се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници под поволни кредитни услови, кои вклучуваат каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 15 години и грејс-период до три години.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.