Започна замена на искршените плочки со травертин на влезот во Старата скопска чаршија

Започна замена на искршените плочки со травертин на влезот во Старата скопска чаршија

Започна санацијата на оштетените плочки на влезот во Старата скопска чаршија, каде што по подолг период на негрижа се поставуваат нови плочи од травертин на сите места со оштетувања. Ова го соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека со зафатот се надминува конкретен проблем за занаетчиите, граѓаните и посетителите.

Ѓорѓиевски истакна дека Старата скопска чаршија претставува живата историја и еден од симболите на градот, како и една од првите локации што ги посетуваат туристите, поради што е значајно самиот влез да биде уреден и достоен за карактерот на просторот.

Активностите следуваат по бројните обраќања и укажувања од граѓаните за оштетените плочки на влезот во Чаршијата, со цел првиот впечаток за скопјани и илјадниците туристи да соодветствува на значењето на локалитетот.

Тој додаде дека зачувувањето на чаршијата е обврска кон генерациите мајстори што со својата работа придонесувале за животот на Скопје, како и одговорност кон идните генерации.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.