Од денеска цената на бензините се намалува за два денари

Од денеска цената на бензините се намалува за два денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 15.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,021%, кај дизелот за 3,929%, кај екстра лесното масло за 3,168% и кај мазутот намалувањето е за 0,401%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378%.

Од денеска максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-95) - 71,00 (денари/литар).

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-98) - 73,00 (денари/литар).

- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ (БС Д-Е V) - 66,50 (денари/литар).

- Масло за горење (Екстра лесно 1) - 65,50 (денари/литар).

- Мазут (М-1 НС) - 32,635 (денари/килограм).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот (М-1 НС) не се менуваат.

Од РКЕ напоменуваaт дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.