Во Битола се отвори Почесен конзулат на Република Австрија

Во Битола се отвори Почесен конзулат на Република Австрија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола.

За нов почесен конзул е именуван Игор Божиновски, кој ќе има задача да ги зајакнува економските и културните врски во регионот.

Во своето обраќање, министерот Муцунски потенцираше дека отворањето на конзулатот токму во Битола е симбол на продолжување на богатата дипломатска и конзуларна традиција на градот.

Тој ја означи Австрија како клучен и доверлив партнер, нагласувајќи дека двете земји се цврсто поврзани преку заеднички вредности и стратешки интереси за мир и просперитет. Министерот потсети дека Австрија е еден од најголемите странски инвеститори во земјата и континуиран поддржувач на македонската европска перспектива.

Муцунски изрази уверување дека новиот Почесен конзулат ќе функционира како дополнителен мост на соработка, придонесувајќи за конкретни резултати во економијата, туризмот и културната размена.

Следете ги најновите вести на Viber
Во Битола се отвори Почесен конзулат на Република Австрија