Го оштетиле буџетот на Агенцијата за вработување за над 3,5 милиони денари: Кривични пријави за фирми и лица од Пробиштип

Го оштетиле буџетот на Агенцијата за вработување за над 3,5 милиони денари: Кривични пријави за фирми и лица од Пробиштип
Сподели:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против четири правни лица од Пробиштип, нивните сопственици и управители, како и против поранешен раководител во Агенцијата за вработување. Осомничените се товарат за повеќе тешки кривични дела, со кои нанеле директна штета на државниот буџет во износ од 3.520.000 денари.

Пријавата е поднесена против сопствениците и управителите Г.Д. (60) од Штип, Т.А. (63) од Пробиштип, Н.И. (50) од Пробиштип, О.„Ч.” (58) од Пробиштип, како и против И.П., вработен како раководител во Центарот за вработување Пробиштип во периодот кога се вршеле злоупотребите. Тие се сомничат за сторени продолжени кривични дела за злоупотреба на постапката за јавен повик, злоупотреба на службената положба и овластување, како и за перење пари.

Според полицискиот извештај, пријавените фирми и нивните раководители се организирале во dogovor со вработениот во Агенцијата за вработување за да аплицираат на државен јавен повик од 2024 година. Мерката била наменета за доделување неповратна финансиска помош за вработување на ранлива категорија граѓани, односно невработени лица од ромската националност.

Осомничените го оствариле правото на субвенции на противправен начин со тоа што ангажирале лица кои не биле од ромска националност и веќе имале претходен работен стаж. За да го задоволат формалниот услов од повикот, претходниот работен стаж на овие лица бил незаконски избришан од системот на Агенцијата за вработување, овозможувајќи им на фирмите неосновано да ги повлечат државните средства.