Компанијата „Амфенол“ ја отвори својата нова производствена хала во Кочани, инвестиција која се очекува да донесе 200 нови работни места. На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите инвестиции, бидејќи тие директно влијаат на економскиот раст.
Станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна и има близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази. Кога ќе биде завршен објектот, ќе се отворат нови 300 работни места, догодина се планира нови 200 вработени и ќе се заокружи една бројка од 3.700 вработени.
Премиерот истакна дека новите објекти на „Амфенол“ ќе бидат опремени со висока технологија, што е клучно за зголемување на додадената вредност на производите и за позитивно влијание врз бруто домашниот производ.
„Приходите оваа година, ќе се приближат до 200 милиони евра, што е огромна бројка и придонесува не само за локалната, туку и за општата државна економија“, додаде Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата ја гледа компанијата како стратешки партнер и вети дека финансиски ќе ги поддржи идните инвестиции, вклучително и плановите за проширување во други градови.