Трамп најави трговски и воени договори со Турција

Трамп најави трговски и воени договори со Турција

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку објава на социјалната мрежа TruthSocial, потврди дека на 25 септември во Белата Куќа ќе го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Трамп изрази задоволство од продолжената соработка меѓу двете земји, особено во сферата на трговијата и одбраната.

„Работиме на многу трговски и воени договори со претседателот Ердоган, вклучувајќи и голема набавка на авиони Боинг, значаен договор за Ф-16 и продолжување на преговорите за Ф-35, кои очекуваме да завршат позитивно“, напиша Трамп.

Претседателот на САД изрази уверување дека односите меѓу него и Ердоган се одлични и дека со нетрпение го очекува состанокот.