МВР соопшти дека вчера на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ приведоа албански државјанин под сомнение за криумчарење мигранти.
Лицето, идентификувано како В.Ц. (24) од Албанија, било запрено при контрола на патничко возило „КИА“ со албански национални ознаки кое го управувал.
Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои седум државјани на Египет и три на Мароко. Мигрантите се згрижени и сместени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, додека лицето В.Ц. е задржано во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против криумчарот ќе биде поднесена соодветна пријава.