Просечната месечна нето плата во Хрватска за септември 2025 година изнесува 1.456 евра, што претставува номинално зголемување од 0,7%, а реално зголемување од 0,3% во однос на претходниот месец.
Според податоците од Државниот завод за статистика на Хрватска, просечната месечна бруто плата за септември 2025 година изнесува 2.025 евра.
Во споредба со истиот месец лани, просечната месечна нето плата е номинално повисока за 10,1%, а реално за 5,7%. Бруто платата има уште поголем годишен раст, со номинално зголемување од 10,7% и реално зголемување од 6,2%.
Највисока нето плата е исплатена во секторот Авиосообраќај, во износ од 2.409 евра. Во истиот сектор е забележана и највисоката бруто плата од 3.520 евра.
Најниска нето плата е регистрирана во секторот Производство на облека, во износ од 936 евра. Најниската бруто плата во овој сектор изнесувала 1.227 евра.