Се намалува бројот на превезени патници во автобускиот превоз

Се намалува бројот на превезени патници во автобускиот превоз

Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз забележа намалување од 6,4% во третото тримесечје во споредба со истиот период ланни, достигнувајќи вкупно 8,8 милиони превезени патници.

Намалување на бројот на патници е регистрирано во сите видови на превоз. Најголем пад е забележан во меѓународниот превоз со намалување од 12,5%. Следи меѓуградскиот превоз со пад од 8,6%, потоа приградскиот превоз со намалување од 7,8%, додека во градскиот превоз намалувањето изнесува 4,6%.

Вкупниот број на патничките километри е намален за 1,8% во однос на истиот период од претходната година, достигнувајќи 292 милиони километри. И покрај намалениот број патници, патничките километри во градскиот превоз се зголемени за 24,2%.

Патничките километри во меѓуградскиот превоз се намалени за 4,5%, во меѓународниот превоз за 2,8%, а во приградскиот превоз за 1,3%.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.