Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вчера исплати вкупно 64.927.881 денари (околу 1,06 милиони евра) на сметките на 3.656 млекопроизводители во земјава, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Од министерството посочуваат дека навремената финансиска поддршка и континуираниот развој на домашното земјоделско и сточарско производство остануваат еден од клучните приоритети во нивното работење.

