Општата болница во Кочани доби опрема за оперативна сала вредна 47.000 евра од Polish Aid, веќе се извршени три операции

Општата болница во Кочани доби опрема за оперативна сала вредна 47.000 евра од Polish Aid, веќе се извршени три операции

Општата болница во Кочани доби медицинска донација за оперативна сала во вкупна вредност од 47.000 евра обезбедена преку Polish Aid и Амбасадата на Полска, а опремата веќе е во функција и на неа се извршени првите три операции, соопшти министерот за здравство, Сашо Клековски по денешната посета на болницата.

Според Клековски, при посетата е разгледана тековната состојба и идните активности во установата, при што е набавен нов дигитален рендген за кој се очекува инсталација, одделот за физикална терапија е опремен со современа опрема, на гинекологија и акушерство со ангажирањето на нови гинеколози е забележан значаен пораст на бројот на породувања, а во рамки на итната медицинска помош се обезбедени две нови амбулантни возила.

Тој најави дека модернизацијата на кочанската болница ќе се анализира заедно со Клиничката болница во Штип, со цел источниот регион да се планира интегрирано и двете установи меѓусебно да се надополнуваат.

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, упати благодарност до полскиот амбасадор Мариуш Бримора, Владата на Полска и полскиот народ за донацијата наменета за Гинеколошкото одделение при Општата болница, која вклучува современ операционен стол, компатибилен хистероскоп и операционо светло.

Како што посочи Грозданов, со новата опрема се заменуваат досегашниот операционен стол и операционо светло стари повеќе од 50 години, а општината понудила помош за целосна реконструкција на гинеколошката операциона сала во фазата на реализација. Тој нагласи дека унапредувањето на одделението ќе овозможи примена на современи медицински методи, поголема сигурност за родилките и изведување гинеколошки интервенции во Кочани без пациентките да патуваат во други градови.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.