Со секое платено паркирање граѓаните донираат за хуманитарни цели: Во Општина Центар воведени хуманитарни паркинг-зони

Со секое платено паркирање граѓаните донираат за хуманитарни цели: Во Општина Центар воведени хуманитарни паркинг-зони

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека со отворањето на хуманитарните паркинг-зони граѓаните добиваат можност со секое редовно паркирање директно да придонесат за хуманитарни цели.

Оваа мерка претставува една од новините воведени со последните измени во системот на паркирање во општината, чија цел е да се обезбеди поправична распределба и порационално користење на расположливиот паркинг-простор, истовремено внесувајќи хумана и општествено одговорна димензија во секојдневното функционирање.

Како што посочи Герасимовски, со секое платено паркирање на специјално означените места се остварува директна донација, со што се поттикнува солидарноста и меѓусебната грижа меѓу жителите.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека преку ваквите иницијативи се гради посолидарна заедница во Општина Центар, каде што секојдневните комунални услуги добиваат и поширока општествена вредност.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.