Град Скопје се подготвува за најавеното силно невреме: Се расчистуваат шахтите и сливниците

Град Скопје се подготвува за најавеното силно невреме: Се расчистуваат шахтите и сливниците

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вршат интензивно расчистување на канализациската мрежа, шахтите и сливниците низ главниот град, со цел непречено одведување на атмосферските води и спречување поплавување на критичните точки, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Ваквите превентивни активности се спроведуваат по соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде за попладневните часови е најавено силно невреме.

По тој повод, Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок и прогласи целосна мобилизација на сите расположливи човечки и технички капацитети. Градските екипи ќе бидат постојано присутни на терен за брза и навремена интервенција, со цел заштита на граѓаните, имотот и инфраструктурата од можни штети.

Од градот упатија и посебен апел до сите граѓани за одговорно однесување, односно да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тоа го блокира протокот и оневозможува правилно функционирање на атмосферската канализација за време на обилни врнежи.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.