Алта банка има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акциите на Стопанска банка АД Битола

Алта банка има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акциите на Стопанска банка АД Битола

АЛТА БАНКА АД Белград објави намера за преземање на Стопанска банка А.Д. Битола, со цел да се здобие со до 100% од обичните акции на македонската банка. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари.

Според официјалното известување, АЛТА БАНКА веќе поседува 4,97% од акциите на Стопанска банка АД Битола, а со оваа понуда сака да го зголеми своето учество до целосна контрола.

Процесот на преземање е условен од добивање на неколку клучни одобрувања:

- Согласност од Народната банка на Република Македонија.

- Одобрение од Народна банка на Србија.

Доколку некое од овие одобрувања не биде добиено, намерата за преземање ќе биде повлечена. Одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија веќе е добиено.