Премиерот Мицкоски најави набавка на 100 нови амбулантни возила

Премиерот Мицкоски најави набавка на 100 нови амбулантни возила

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила.

„Наш главен приоритет е обновата на амбулантни возила во јавните медицински установи, имајќи предвид дека состојбата е катастрофална и алармантна. Таму луѓето се потпираат на возила кои се донација“, изјави Мицкоски.

Новите возила ќе бидат распределени во здравствените установи низ целата држава, со што се очекува значително подобрување на условите за транспорт на пациенти и пружање итна медицинска помош.

Премиерот Мицкоски најави набавка на 100 нови амбулантни возила