Општина Карпош собра 3,5 тони стара облека и текстилен отпад преку акцијата за селекција во училиштата и градинките

Општина Карпош собра 3,5 тони стара облека и текстилен отпад преку акцијата за селекција во училиштата и градинките
Сподели:

Во рамките на организираната акција за правилно собирање и селекција на текстилен отпад на територијата на Општина Карпош, досега се собрани околу 3.500 килограми стара облека и текстилен материјал. Резултатот ги потврдува позитивните навики на жителите за заштита на животната средина и соодветно управување со отпадот.

За потребите на акцијата, поставени се специјализирани контејнери во сите 10 основни училишта, во сите детски градинки, како и пред административната зграда на Општина Карпош. Со ова им се овозможува на граѓаните, учениците и вработените лесно и правилно да ја одложуваат непотребната облека.

Проектот се реализира во соработка со компанијата „Еко Текс - Груп“, а од општинската администрација информираат дека оваа партнерска соработка ќе продолжи и во следниот период.

Од Општина Карпош апелираат до граѓаните да ја користат поставената инфраструктура и со правилно одложување на текстилот директно да придонесат за зачувување на животна средина и побистар општински простор.